Турски компир печен во маринада од зачини и јогурт. Фино и лесно јадење кое се сервира со месо.
Потребни состојки:
4-5 поголеми компири
За маринада:
2 лажици масло
2 лажици густ јогурт или кисела павлака
1 лажичка сол
¼ лажичка лут црвен пипер во прав или чили
¼ лажичка мента/нане/оригано
¼ лажичка тимијан
Постапка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во подлабок сад ставете ги сите состојки за маринада и добро промешајте.
Пробајте дали ви се допаѓа вкусот, па по желба додадете зачини кои вам ви се допаѓаат или на самиот почеток одземете ги оние кои не ви се допаѓаат. Мора да напоменам дека маринадата е малку посолена.
Плехот обложете го со хартија за печење. Компирите измијте ги добро, излупете ги, исечете ги на парчиња со величина на осмина јаболко, ниту премногу тенко, ниту премногу дебело.
Прелијте ги компирчињата со маринадата и добро промешајте за да се натопат сите. Потоа убаво распоредете го врз плехот. Ставете да се пече во загреана рерна околу половина час или додека убаво да заруменат.
Coolinarika.com