Здравјето на забите е многу важно, бидејќи ако забите не се здрави, тогаш страда целиот организам.

Секој од нас нормално сака да има што поубави заби. Сепак, поради тоа сме често склони да им веруваме на рекламите и да купуваме разни хемиски производи кои би можеле да бидат дури и штетни за нашето здравје.

Па така на пример, многумина користат гумичка за избелување на забите, разни водички за испирање на устата и слично.

Проблемот со кариесот можете да го решите користејќи само едно од најздравите масла, а станува збор за кокосовото масло.

Тоа е исклучително здраво масло со антибактериско и антиканцерогено дејство и затоа се препорачува за лекување на бројни болести.

Покрај тоа, овозможува на сосем природен и здрав начин да ги избелите забите. Ќе ви помогне да се ослободите и да спречите појава на кариес.

Потребно е само да земете две лажици од ова масло, да го чувате во уста и да жабуркате со него меѓу забите неколку минути.

По извесно време тоа ќе стане густо, бидејќи во меѓувреме ќе ги апсирбира сите отрови од устата. Ова масло не смеете да го проголтате, туку после 5-10 минути да го исплукате, а устата да ја исперете.

Ќе забележите значително подобрување само после неколку примени.

Во кокосовото масло може да додадете прстофат мелено каранфилче за засилување на неговото дејство и прстофат сода бикарбона. Со оваа смеса можете да ги четкате забите.

ЗАБЕН КАМЕН

Забниот камен е тврда наслага на забите, која се создава со текот на времето. Талогот под влијание на минералите од плувачката се зафаќа на забите и се создава забен камен. Оваа појава се забрзува особено ако се консумира мека, леплива и кашеста храна, богата со јаглехидрати (благо, бел леб, печива, зашеќерено овошје).

За да се ослободите од оваа грда појава обидете се со овие 2 рецепти:

1.РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

30 г ореови лушпи и малку вода

Постапка:

Потребно е да ги ставите ореовите лушпи во лонец, да ги прелиете со вода и да ги варите 15 минути. Натопете ја четката во добиената течност и темелно исчеткајти ги забите во времетраење од 5 минути. Повторувајте ја оваа постапка, наутро и навечер.

2.РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

4 лажици сончогледови семки
4 лажици цвет од липа
1 литар вода

Постапка:

Сите состојки ставете ги во сад и варете ги на тивко околу половина час. Со оваа течност мијте ги забите после секое јадење.