Има најразлични рецепти со кокос, но на ваков сигурно не сте наишле. Сигурна сум дека ќе ви се допадне.
Потребни состојки: 10 белки, 300 г шеќер, 300 г кокос и 150 г брашно. За крем: 700 мл млеко, 70 г брашно тип 400 остро, 70 г густин, 10 жолчки, 100 г шеќер, 1 желатин 10 г, 100 г бело чоколадо, 150 г путер или 200 мл слатка павлака, рендано бело чоколадо или по желба кокос и 3 големи листови обланда
Постапка: Во еден подлабок сад добро изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Потоа лесно и внимателно со лажица додадете ги сувите состојки. Промешајте да се изедначи смесата но да остане воздушеста.
Потоа поделете ја на три дела (или два) и нанесете ги врз обландите. Печете ги во загреана рерна на 160-180 степени околу 15 минути (јас сите три ги испеков одеднаш, вие прилагодете го печењето според вашата рерна).
Печените кори само малку притиснете ги со нешто за да не се виткаат. Желатинот натопете го да набубри во вода според упатството на кесичката.
За крем: одвојте еден дел од млекото и добро измешајте го со брашно, густин, жолчки и шеќер, па во тенок млаз додадете го во зовриеното млеко. Мешајте додека смесата да згусне, па додадете го чоколадото и уште малку мешајте додека да чоколадото да се растопи и соедини.
На крај додадете го желатинот, промешајте и оставете го кремот на страна да се излади, со повремено промешување за да не фати коричка. Во целосно изладениот крем додадете 200 мл измиксана слатка павлака, или пак наместо тоа, може изматен 150 г путер.
Врз секоја кора нанесете третина од кремот. Готовиот колач наросете го со рендано чоколадо или кокос, а кој сака може да стави глазура или изматена слатка павлака. Корите на почетокот се крцкави како пуслици, но после некое време омекнуваат.
Coolinarika.com