Ова е природен начин за фарбање на јајца за Велигден, со кој се добива преубава виолетова боја и светкави кристали кога јајцата ќе се исушат.

Вкусот воопшто не се менува и ова е една од најласните начини за боење на јајца. За оваа техника не ви е потребно неко скапо вино, па дури се препорачува да биде поевтино, бидејќи тоа остава најсилна боја.

Потребни состојки за 20 јајца:

20 јајца
2 литри најевтино црно (црвено) вино

Постапка:

1.Јајцата измијте ги и наредете ги во тенџере со ладно вино.

2.Виното треба да ги прекрива јајцата, бидејќи не смеете да ги вртите или мешате во текот на варењето, за да не се губи бојата.

3.Ставете ги на оган да се варат најдолго 30 минути, па тргнете ги од оган и оставете јајцата да се оладат внатре во виното.

4.Ако сакате што повеќе да се зафатат кристали за лушпата на јајцата, оставете ги 24 часа во виното.

5.Потоа не ги премачкувајте со масло за да не испаднат кристалите. Ако не ви се тие важни, тогаш премачкајте ги со салветка натопена во масло.

6.Кога ќе ги премачкате со масло повторно се убави бидејќи добиваат поинтензивна боја.

Тоа е тоа, многу едноставно, без многу валкање и без вештачки бои.

Во продолжение можете да го погледнете видеото со објаснување на зачинот на подготовката: