Уште е наречен и турски залиен колач со чоколаден прелив. Кога ќе го прелиете колачот тој целиот “плива” во тој необичен чоколаден прелив. Можеби на фотографијата ви делува сувкасто, но апсолутно не е.
За мерење сее користи шолја од 200 или 250 мл, онаа за чај или млеко. Потребни состојки: 4 јајца, 1,5 шолја шеќер, 1 шолја млеко, ½ шолја масло, 2 шолји брашно, 1 прашок за печиво и 4 лажици какао
За прелив: 2 шолји млеко, 2 лажици масло, 3 лажици какао, 1 шолја шеќер и 2,3,4 ребра чоколадо (по вкус)
Постапка: Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее убаво. Четири белки пенасто изматете ги со миксер, па постепено додадете го шеќерот и миксајте додека тој да се растопи.
Потоа едно по едно додадете ги жолчките, па маслото, па млекото. На крај додадете го брашното помешано со какао и прашок за печиво. Убаво промешајте, може и со миксер.
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех со димензии 35х25 см, па ставете да се пече во загреаната рерна околу 35 минути.
Додека се пече колачот, вие подгответе го преливот. Измешајте ги сите состојки и ставете на оган да проврие додека да се растопат и соединат. Намалете го огнот и внимавајте да не ви загори. Потоа тргнете го огнот малку да подизлади, додека да се испече колачот.
Печениот колач веднаш прелијте го по 2-3 минути штом го извадите од рерна. Доколку сакате, можете прво да го исечете, а потоа да го прелиите. Изладете го добро пред послужување.
Recepti.com