Душан Петровиќ (81) од Ваљево пред неколку денови излезе од болницата “Драгиша Мишовиќ” од каде се врати дома здрав и жив.
Дедото кој “загази” во деветтата деценија од својот живот, Душан Петровиќ (81) од Ваљево е најстариот граѓанин на Србија кој се излекува од корона вирусот!
Петровиќ пред два дена, со уште двајца од ваљево е отпуштен од болничко лекување, откако било утврдено дека се целосно оздравени.
Тој за медиумите изјави дека после 16 дена болничко лекување конечно се вратил дома, и дека е пресреќен што на негови години успеал да го победи овој злокобен вирус.
-И лекарите ми се чудат и ми се воодушевуваат како се држев и како така брзо оздравев! Јас чувствував малаксалост 2-3 денови и на 14.март бев примен во болницата во Ваљево. Следниот ден бев префрлен на Инфективната клиника во Белград.
Од 19.март бев во КБЦ “Драгиша Мишовиќ”. Од 24.март не примав никаква терапија, бев добро. Верувајте ми дека не знам како сум се заразил, доста се шетав низ градот и одеднаш почувствував умор и малаксаност – се сеќава Петровиќ.
Сите се плашеа за мене
Тој вели дека се радува што последниот тест покажал дека е негативен на корона, како и дека е добро тоа што никој друг од неговото семејство ги нема симптомите на овој вирус.
-Децата и внуците се исплашија за мене, тие се добро, фала богу. Кога дознав дека сум позитивен на корона, се исплашив со оглед на моите години. Без прибран и свесен дека може да ми се случи и едно и друго. Имам 81 година и би можело сè да ми се случи – раскажува најстариот Србин кој ја победи короната и продолжува:
-Од симптоми имав малаксаност, заборавност, неколку денови не знаев ни каде сум, ни кој ден е, ама тоа сега се поправи.
Инаку, не сум имал хронични заболувања, старечки. Бев здрав. Во болницата една интернистка ми рече дека имам воспаление на белите дробови, ама мислам дека немав.
Не бев ставен на респиратор, пет дена бев на кислород, ама не се предадов, се борев, сите лекари се чудеа како брзо закрепнав! – Петровиќ наведува и дека КБЦ “Драгиша Мишовиќ” е врвна установа, а персоналот за десетка.
-Сите се среќни дека оздравев. Пресреќен сум и јас, навечер во болницата не можев да спијам, сега конечно се наспав дома, вчера се развудив на пладне!