Фотографија и рецепт на Мирјана Вучинац
Многу здрава и вкусна пита, би требало сите да ја пробате. Потребни состојки: 4 јајца, малку сол, 200 мл јогурт или кисела павлака/кисело млеко, 100 мл масло, 300 г брашно (половина бело, половина пченкарно), 200 г блитва или спанаќ, 200 г ситно сирење и 1 прашок за печиво
Постапка: Изматете ги јајцата со половина лажиче сол, да станат пенасти. Додадете масло и продолжете со матење.
Потоа додадете јогурт, па промешуваме и додаваме брашно, пченкарното брашно, прашок за печиво и мешаме да се изедначи смесата.
На крај го додаваме блитвата/спанаќот претходно измиено и исечкан на ленти и сирење крупно издробено, да се познава повеќе.
Мешаме убаво да се изедначи и смесата ја излеваме во правоаголен калап претходно обложен со хартија за печење.Печеме на 180 степени околу 40 минути, во зависност од вашата рерна. Се послужува со јогурт или кисела павлака.
Фотографија и рецепт на Мирјана Вучинац