Можеби сте искусни со брашното и тестата, а можеби тукушто започнувате да учите нови трикови и ја запознавате убавината на месењето и домашните печива.
За да се измеси совршен леб, кифлички или разни други печива, потребно е време и искуство, па затоа, ако сте почетник, не треба веднаш да се разочаpувате после првиот неуспех.
Меѓутоа, искусните готвачи имаат неколку трикови кои ги користат за тестото никогаш да „не падне” или да не порасне убаво.
Ова се нивните совети, што треба да направите за вашите теста да бидат како од најдобрите ресторани:
-Пред да започнете со месење на тестото, извадете го путерот и јајцата од фрижидер и оставете ги некое време на собна температура.
-Не претерувајте со количината од прашак за печиво или квасец, бидејќи постои можност тестото да нарасне премногу и да пукне.
-Тестото секогаш печете го во загреана рерна, бидејќи сите теста кои содржат прашок за печиво или квасец, едноставно „така бараат”.
Почекајте 10 до 15 минути рерната да ја постигне посакуваната температура и потоа ставете го тестото да се пече.
-Златен совет: Во секое тесто ставајте една лажица јаболкова киселина. Здраво е, тестото подобро нараснува, и покрај сè, тоа добива одличен вкус.