Постапката е лесна и интересна, а вкусот неодолив.
Потребни состојки:
4 шаши (од 200 мл) брашно
1 лажичка инстант квасец
1 лажичка шеќер
½ лажичка сол
100 мл масло
околу 250 мл топла вода
За фил:
350 мл свежо сирење
150 г бланширан и исечкан спанаќ
сол по вкус
Постапка:
Од наведените состојки замесете тесто и оставете го на топло да стасува додека да го удвои волуменот.
На набрашнета работна површина развлечете го тестото во тенка кора, па со чаша вадете кругови.
Измешајте сирење, спанаќ и посолете по вкус.
Врз секој круг тесто ставете фил од сирење и спанаќ. Краевите спокте ги, така да формирате кајак .
Наредете ги кајчињата во плех или тепсија, претходно намастена со путер.
Одозгора премачкјате ги со изматена жолчка и малку масло.
Сравете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени додека убаво да заруменат.
Послужете ги топли со јогурт, кисело млеко, павлака…салата или по желба.
Coolinarika.com