Фото и рецепт: Јелка Хиги
Многу вкусни ситни погачици од сирење, брзи и лесни за приготвување.
Потребни состојки:
500 г свежо сирење (било какво)
400 г брашно
250 г путер
и уште:
1 јајце за премачкување
сусам за наросување
крупна сол за наросување по желба
Постапка:
Сирењето ставете го во еден подлабок сад и добро изгмечете го. Путерот на собна температура додадете го во сирењето исечено на ливчиња, па измиксајте ги заедно додека да се соединат.
На крај додадете го брашното и продолжете со миксање, а после и со месење додека да добиете мазно тесто.
Развлечете кора со дебелина од еден центиметар, па со мала чашка или калап во различни обличи, вадете ги формите и редете во плех обложен со хартија за печење.
Одозгора премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам и крупна сол. Ставете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути.
Фото и рецепт: Јелка Хиги