Повеќето можеби се сеќаваат на овој стар колач и на неговиот прекрасен вкус.
Потребни состојки: 4 жолчки, 4 лажици шеќер, 80 г (половина шолја) маст, 100 мл (половина шолја) млеко, 200 г брашно, 1 полна лажичка прашок за печиво, 1 полна лажичка рендана лимонова кора
За шам: 4 белки, 1 лажица лимонов сок, 8 лажици шеќер. И уште: 400 г џем од кајсии, 80 г мелени ореви
Постапка: брашното просејте го и измешајте го со прашокот за печиво. Одвојте ги белките од жолчките и ставете ги во подлабок сад.
Во друг сад ставете ги жолчките, маста, шеќерот, млекото, ренданата лимонова кора и неколку лажици брашно, па добро измиксајте со миксер.
Постепено додавајте го и остатокот од брашното додека постојано миксате. Ќе добиете густо, малку лепливо тесто и никако не смеете да му додавате уште брашно, зошто кората после може да излезе тврда.
Калапот за торти или некоја тепсија со средна величина обложете ја со хартија за печење. Мојот калап е 26 см, а може и поголем, но никако помал за да не биде кората дебела. Имајте во предвид дека при печењето ќе порасне уште малку.
Излејте го тестото во калапот врз хартијата, па со влажна лажица распоредете го и убаво натапкајте го.
Ставете го во загреана рерна на горната решетка да се пече 10 минути на 180 степени, само колку да фати коричка. За тоа време, џемот од кајсии загрејте го доколку е густ за полесно да се распореди врз кората.
Белките изматете ги во цврст снег, додавајќи сок од лимон и шеќер. Матете околу 5 минути на најголема брзина.
Извадете ја полупечената кора од рерна, преку неа нанесете џем, наросете го со повеќе од половина од мелените ореви и потоа преку тоа нансете го снегот од белки. Се става на неколку купчиња, а не целиот одеднаш, па постепено со лажицата се натапкува, внимавајќи да не ги подигне оревите со џемот. Натапкајте да добиете брановиден изглед, па наросете со остатокот од оревите.
Температурата намалете ја на 120 степени (мојата рерна е доста силна, со вентилатор), па вратете го колачот да се допече, уште околу 20-30 минути додека белките да се потсушат. Готов е кога оревите ќе добијат румена боја.
Колачот оставете го да излади во отворена рерна. Може да се сервира и топол или почекајте да излади, подобро се сече.
Coolinarika.com