Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ
Треба да го пробате, има мазен, пријатен и освежителен вкус.
Потребни состојки:
1 пудинг од ванила
500 мл вода
7 лажици шеќер
500 мл јогурт
овошје по желба
Постапка:
Сварете еден пудинг од ванила со половина литар вода и 7 лажици шеќер. Оставете го на страна за целосно да излади.
Потоа во изладениот пудинг додадете половина литар јогурт и со миксер добро изматете за да се соединат состојките. Јас правев двојна мера.
Потоа додадете овошје по желба (малини, вишни, јагоди, боровинки или други бобинки..)
Може да се користи и замрзнато овошје. Кој сака може половина од смесата да ја измикса со овошје, а во останатиот дел да додадете цели парчиња овошје.
Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ