Пишува Мартин Најдовски: Лек против настинки, грип, треска…
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.
Овој лек е одличен за загревање на белите дробови, го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата, помага во изборување со вирусите и бактериите, ја намалува телесната температура со тоа што поттикнува потење.
Потребни состојки:
400-500 мл вода
1 супена лажица ѓумбир во прав
1 супена лажица куркума во прав
½ кафена лажичка црн пипер во прав
1 кафена лажичка лут црвен пипер во прав (буковец мелен лут)
1 лажичка прополис или 30 капки прополис тинктура
Постапка:
Зовривате 2 шолји вода. Штом водата зоврие се додаваат 1 супена лажица ѓумбир во прав, 1 супена лажица куркума во прав, половина лажиче кафено црн пипер во прав и 1 кафено лажиче буковец мелен лут (лута чушка сушена па сомелена во прав).
Сето тоа се меша и се остава поклопено. После 20 мин се цеди па се пие по 1 шолја наутро, 30 минути после појадок (бидејќи е многу луто па ако се пие на празен желудник може да направи мачнина), и 1 шолја навечер, 30 мин пред вечера.
Во чајот задолжително се ставаат по 30 капки прополис тинктура (или 1 кафено лажиче прополис).
Не го препорачувам за луѓе со чир на желудник или дванаесетпалечно црево. Ако осетите мачнина во желудникот тогаш престанете, вашиот желудник не поднесува луто.
Пишува Мартин Најдовски