Фото и рецепт: Марија Карапетровска
Рецептот за овие превкусни кашкавалки ни го откри нашата драга членка Марија Карапетровска во нашата и ваша група НМД рецепти.
Потребни состојки за околу 25 парчиња:
250 г кисело млеко или павлака
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
150 г рендан кашкавал
250-300 г брашно
и уште:
1 јајце за премачкување
сусам за наросување
Постапка:
1.Од сите состојки се замесува мазно тесто кое потоа се развлекува во кора со дебелина од 1 см.
2.Потоа се сечат кругови со чаша и се редат во плех обложен со хартија за печење.
3.Одозгора се премачкуваат со јајце и се наросуваат со сусам.
4.Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
5.Јас направив двојна доза.
Фото и рецепт: Марија Карапетровска