Home Рецепти Не може побрзо и подобро од ова: ГРИЗ КОЦКИ без печење за...

Не може побрзо и подобро од ова: ГРИЗ КОЦКИ без печење за само 15 минути

Не знам навистина дали може нешто вака добро а вкусно да се направи побрзо од 15 минути. Верувајте, се исплаќа да го пробате.

Потребни состојки:

1 литар млеко
200 мл гриз пченичен
150 мл шеќер
2 ванилин шеќер
1 јајце
250 г маргарин или путер
500 мл слатка павлака
400 г бисквито

Постапка:

Измешајте гриз, шеќер, ванилин шеќер и јајце, па сварете го со литар млеко. Добро изладете. Во изладениот крем додадете изматен путер и содените ги.

Шлагот изматете го посебно.

Во калапот наредете еден ред бисквити. Јас ставив 4 реда. Не мора да ги натопувате во млеко, бидејќи ќе омекнат од кремот.

<

Врз првиот ред бисквити премачкјате половина од кремот. Потоа ставете половина од шлагот. Па повторно ред бисквити, половина крем, па половина шлаг.

Украсете по желба.

Coolinarika.com