Обратете внимание.
Наглиот престанок на осетот за мирис, познат како аносмија, се појавил кај неколку пациенти кои имале многу благи симптоми, а тестот им бил позитивен на корона вирус.
Аносмија е ненадеен губиток на осетот за мирис, но без затнат нос, понекогаш пропратен со губиток на вкусот.
Француското здружение на оториноларинголози повикува да се обрати внимание на ова.
-Постои очигледна поврзаност меѓу аносмија и вирусот – тврди Жан Мишел Клајн, претседател на Националниот Сојуз на оториноларинголозите.
Кај сите заразени со Ковид-19 нема да се развие аносмија, меѓутоа, сите изолирани аносмичари, без локално воспаление, биле позитивни на корона вирус.
Оние луѓе кои ќе го почувствуваат овој симптом, мора да се самоизолираат – вели Клајн.
Британските колеги исто така се сложуваат, па и нивното национално здружение на оториноларинголози ENT UK, предлага аносмијата да се додаде во досегашните набројани симптоми.
Дојде до брз пораст на бројот на извештаи за значаен пораст на пациенти со Ковид-19 кои имаат аносмија, односно губиток на мирис, а немаат други симптоми – се наведува во изјавата на Британското Здружение.
Пациенет заразен со корона вирус, кој живее во околината на Париз, за еден странски медиум изјавил дека и тој е еден од пациентите со аносмија.
“Јадете и не можете ништо да почувствувате…” – изјавил тој.
До истиот заклучок, за поврзување на аносмија со болеста Ковид-19, дошле и германските и американските експерти.