Интересна и евтина идеја за декорација на јајцата: Еве како да ги исфарбате и да ги декорирате мозаик јајцата.
Ако оваа година сакате апсолутно поинакви украсени јајца во велигденската корпа, тогаш ви нудиме одлична идеја. Направете едноставни и ефектни мозаик јајца, а за декорација ќе ви бидат потребни само бои за јајца, ножици и изолир лента.
Јајцата прво обојте ги во саканата боја, на пример во црвена. Додека бојата се прими и исуши, исечете изолир лента со одговарачки облици како на видеото кое можете да го погледнете подолу.
Парчињата од изолир лентата залепете ги на јајцето, но така да оставате празен простор помеѓу парчињата. Јајцето ставете го во друга боја, на пример во сина.
Кога јајцето ќе се исуши, одлепете ги парчињата од изолир лентата и ќе го добиете најубавото, оригинално мозаик јајце.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: