Како можеме сами да направиме природно средство за чистење и дезинфекција на сите простории? А тоа да биде едноставно, мирисно, делотворно и без штетни хемикалии?
За да се приготви ова средтсво поребни ви се агруми, некоја поголема стаклена тегла и алкохол или алкохолна киселина.
Потребни состојки:
-стаклена тегла од 800 мл или поголема
-агруми: мандарини, портокали, лимети, лимони или сè заедно
-алкохол или алкохолна киселина 9%
Постапка:
Добро затворете ја теглата и оставете ја 2-3 седмици на темно место. Потоа, течноста процедете ја низ газа или цедалка.
Складирајте ја во шише со распрскувач и вашето природно, мирисно средство за чистење, бришење и дезинфекција на просторијата е готово.
Ова средство се користи за:
-било каква нечистотија на хоризонтални површини
-мирисот од вашите миленичиња на теписите и подот
-траги од ‘рѓа и мувла на кујнски површини
-траги од бигор на плочките и стаклото од туш кабината од бањата
-нечистотии и дамки од чашите и други стаклени предмети
-идеално за дезинфекција на плоки, умивалници и вц школки, а може да послужи и како освежувач во тоалетот.