Home Рецепти Евтин семеен ручек од само 3 состојки: многу вкусна пита-тортиља

Евтин семеен ручек од само 3 состојки: многу вкусна пита-тортиља

Вкусно и едноставно јадење.

Потребни состојки:

4 компири со средна величина
1 поголема главица кромид
4 јајца

и уште:

маслиново масло
сол и црн пипер

Постапка:

1.Компирот излупете го и исечете го на потенки коцкички, а кромидот на тенки ленти.

2.Во тавата загрејте малку маслиново масло колку да го покрие дното, па ставете ги кромидот и лукот. Заедно пропржете ги малку колку компирот да се запече, а лукот за застакли.

3.Јајцата изматете ги со виљушка како за кајгана, па додадете ги кромидот и компирот (исцедете го вишокот масло во еден филџан) и сето заедно промешајте го.

4.Повторно загрејте ја тавата и додадете го маслото од претходното пржење, па кога ќе се загрее, додадете ја смесата.

5.Оставете ја тавата на тивок оган без мешање, додека дното да се запече.

<

6.Тавата прекријте ја со чнија, па превртете ја тавата, така што тортиљата да остане во чинијата, а потоа вратете ја (лизнете ја од чинијата) за да се запече и од другата страна.

7.Кога ќе се запече и од другата страна, тогаш тортињата е готова.

8.Повторно поклопете ја тавата со чинија и превртете ја тортињата да остане врз чинијата како торта.

9.Исечете ја на триаголници или коцки, па послужете топло.

Coolinarika.com