Шенон Лаш од Австралија е експерт за домаќински работи, па сите домаќинки ширум светот едвај ги чекаат нејзините најнови совети.
Во најновата објава, таа изјави дека кај жените е популарно верувањето дека повеќе детергент значи и почисти алишта.
Но, според неа, тоа воопшто не е точно. Додава дека луѓето најчесто поради “премногу испрани” пешкири добиваат осип и иритација на кожата.
Причината за тоа е многу едноставна: Вишокот прашок се залепува на ткаенината и со сушењето (во машина за сушење) се загрева.
Затоа пешкирите од сушилницата излегуваат онака меки и убави, но веќе за еден ден го попримуваат оној класичен, груб облик.
Лаш советува да се става помалку детергент и да се водите со девизата: “Помалку е повеќе”.
Во машината за алишта од предната страна доволно е да ставите осмина од препорачаната количина детергент. Оние што се полнат одозгора бараат четвртина од истата количина.
Ако ве интересира како да го скратите времето за сушење на алишта, послушајте го нејзиниот совет за ставање на сув пешкир во машината.
Таа тврди дека на тој начин влажните алишта ќе се исушат трипати побрзо од вообичаено.
Многумина се љубители на омекнувачите бидејќи на алиштата им даваат многу убав мирис и мекост.
Сепак, таа во омекнувачите верува и смета дека тие не функционираат на едноставен начин:
“Основата на омекшувачите е масло кое се лепи на облеката. Подобро е да ставите оцет наместо омекнувач. Верувајте ми, на крајот не се чувствува никаков мирис од оцетот!” – порачува таа.