Фото и рецепт: Снежанка Жанче
Многу вкусни крофнички!
Потребни состојки:
2 јајца
1 лажичка сол
2 лажици алкохолна киселина
3 лажици масло
1 свеж стасан квасец
500 мл млеко
брашно по потреба
Постапка:
Се раствора квасецот во малку млако млеко заедно со лажичка шеќер и малку брашно. Се пстава 10-тина минути да се активира и запени.
Се мешаат течните состојки и заедно со активираниот квасец и со постепено додавање на брашното се замесува меко брашно. Тестото се остава на топло да стасува.
Кога тестото ќе стаса не се премесува, туку се истура врз набрашнета работна површина и се расукува. Со мала чаша се вадат кругови и се пржат во умерено загреано длабоко масло.
Кога ќе заруменат од двете страни, се вадат со решеткаста лажица и се редат врз чинија обложена со хартиена салветка. Се послужуваат топли или ладни со сирење, кашкавал, јогурт, кисело млеко или нешто по ваш вкус.
Фото и рецепт: Снежанка Жанче