Луѓето кои вдишувале етерично масло од рузмарин, имале за 60 до 75% подобра меморија од останатите луѓе кои не го вдишувале ова масло.
Рузмаринот е неверојатно здрава билка која како традиционален лек се користи со векови. Тоа е божја билка – лек за многу болести, а најмногу за оние кои имаат проблем со когнитивните способности.
Во некои земји на факултетите се практикува студентите да ставаат гранче рузмарин во косата во текот на испитот, за подобра концентрација.
Студиите покажале дека рузмаринот содржи состојки кои се борат со токсичните елементи кои се таложат во мозокот, а кои не успеале да се отстранат во текот на спиењето.
Рузмаринот содржи природни состојки кои благотворно делуваат врз мозочните клетки, па со тоа се подобрува работата на мозокот, се подобрува размислувањето, памтењето и се донесуваат подобри одлуки.
Студиите покажуваат дека рузмаринот исто така, ги обновува оштетените ДНК клетки.
Истражувањето кое било спроведено со оваа билка, покажало дека луѓето кои вдишувале етерично масло од рузмарин, имале за 60 до 75% подобра меморија од останатите луѓе кои не го вдишувале ова масло.
Истражувањето покажало постоење на хемиски соединенија кои се одговорни за нашето памтење.
Главниот елемент кој ја зголемува нашата меморија е цинеол. Според истражувањата, оние луѓе кои го користеле рузмаринот во одредени дневни задачи, покажале многу подобри резултати од останатите кои не го користеле.
Рузмаринот е ефикасен и во борбата против промените во расположението, стресот, памтењето и подобрувањето на брзината на размислување. Колку повеќе се апсорбира цинеол, полку повеќе се постигнуваат подобри резултати.