Глогот содржи активни состојки со антиоксидативно дејство. Цветовите содржат етерични масла, триметиламин и гликозидот оксиакантин. Кинезите некогаш од глогот произведувале ферментиран пијалак, а негови остатоци биле пронајдени во 9000 години стари лончиња.

Се смета дека уште тогаш глогот бил значаен во религијата. Легендата вели дека од оваа грмушка е направен Христовиот венец на главата. Поврзани се и многу други верувања, па дури и митови како оние за вампирите (дека се уништуваат само со глогов колец).

Во тоа време, глогот растел во Европа, Азија, Северна Америка и Медитеранот, но денес е раширен по целиот свет. Познат е по различни имиња, како бела драка, бел трн, глогче, глоговец, остар трн, трнка, жетица, глаговина глог, глогиња, мечкини круши.

ЛЕК ЗА СРЦЕ

Глогот содржи активни материи со антиоксидативно делување. Во цветовите, заедно со етеричните масла се наоѓаат триметиламин и гликозидот оксиакантин. Плодовите содржат етерично масло, танини, сапонини, гликозиди и фруктоза, како и големи количини на калиум, натриум, калциум и соли на фосфорна киселина.

Сите кои имаат проблем со многу висок крвен притисок, а сакаат да се заштитат од опасноста од високиот холестерол и затнати крвни садови, како и сите што патат од срцеви кризи, можат да се лекуваат со глог.

Оваа билка се користи за одржување на здравјето на крвниот систем, кај висок притисок, ослабен срцев мускул и срцеви аритмии. Прифатен е и како сигурен и делотворен третман во разните фази од срцеви болести, како и делотворна терапија во веќе напредната болест.

Се препорачува после срцев удар, бидејќи ја зголемува снабденоста на коронарните крвни садови.

Ја подобрува активноста и ја подобрува исхранетоста на срцевиот мускул. Се смета дека секој човек над 50 годишна возраст би требало повремено да користи тинктура од глог.

Останати примени на глогот

Помага кај умор, недостиг на енергија, несоница, тешко дишење, вртоглавица, засилено чукање на срцето, мачнини, нервоза и зуење во ушите.

КОРИСЕН Е ЗА ВО МЕНОПАУЗА

Може да се користи како помош при слабеење, бидејќи поттикнува исфрлање на вишок течности од организмот. Ова својство го прави корисен за лекување на целулит, едеми и болести на зглобовите.

Глогот го јакне сврзното ткиво на зглобовите, а поради антивоспалителното дејство се советува кај улцеративен колитис и дигестивни пречки.

Штити од делување на слободни радикали и спречува болести на крвните садови како што е артериосклероза.

Бројни студии за глогот утврдиле дека тој е сигурна билка која добро се поднесува, но сепак, не се препорачува за бремени жени и доилки.

БЕРБА НА ГЛОГ

За лекување најчесто се користат два вида на глог: црвениот и помалку познатиот, бел глог. Глогот расте покрај патишта, покрај шуми и ливади, а карактеристичен е по трњата и трокраките и петокраките листови.

Кога ќе се набере напролет, тогаш може да се користи во свежа или во сува форма. Плодовите се берат наесен кога се жарко црвени. Цветовите (најдобри се белите) се берат додека се во пупка или непосредно пред отворање.

Времето за берење на цветовите е помеѓу април и јуни. Се сушат под сенка во тенки слоеви.

КАПКИ ОД ГЛОГ

20 г иситнети листови и цветови се прелеваат со 200 мл 70% алкохол. Повремено промешајте. После три седмици процедете и профилтрирајте. Се пие 20 капки дневно со малку течност.

Овие капки делуваат превентивно, но и како помошна терапија кај болести на крвниот и нервниот систем.

СИРУП ОД ГЛОГ

Во блендер ставете еден килограм бобинки од глог, прелијте ги со вода, така да досегнува 2,5 см над бобинките. Изблендирајте ги и оставете ги 24 часа.

Потоа загрејте ги на тивок оган, а кога ќе почне полека да зоврива, оставете да се вари уште половина час. Намалете го огнот на најтивко и оставете да отстои уште половина час. Процедете ја течноста и кога ќе излади, ставете ја во фрижидер.

Бобинките изблендирајте ги уште еднаш и додајте им повторно вода како и првиот пат. Потоа повторно варете ги уште половина час и оставете ги да отстојат уште половина час. Добро процедете низ памучна крпа или густа газа.

Тој сок измешајте го со првобитно исцедениот и потоа повторно варете го на многу тивок оган додека да остане ¼ од мешавината. Складирајте во стерилизирани шишиња и користете 6 до 12 лажици дневно. Рокот на траење е неограничен.

ПОМОШ КАЈ ИНФАРКТ

Ова е формулата на д-р Шулц за оние кои претрпеле инфаркт.

Потребни состојки:

240 мл сируп од глог
30 мл тинктура од линцура
30 мл тинктура од корен од ѓумбир
30 мл тинктура од кактусот Selenicereus grandiflora
30 мл тинктура од мелен црвен пипер

Постапка:

Шише од половина литар наполнете го со глогов сируп до половина. Во одвоен сад измешајте ги тинктурите, а потоа додајте ги во сирупот и добро промешајте. Пијте по една лажица 3 до 8 пати дневно. НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.