Home посни колачи Посна овошна торта со медени кори

Посна овошна торта со медени кори

Рецептот за оваа прекрасна торта беше објавен од нашата драга членка Светлана Карапетровска во нашата и ваша група НМД рецепти. Фотографија и рецепт на Светлана Карапетровска Македонска

Потребни состојки: 500 г шеќер, 500 мл газирана вода, 250 мл масло, 3 лажици мед, 500 г брашно, 20 лажици мелени ореви, 1 лажица какао, 1 прашок за печиво и 1/3 мала лажичка сода бикарбона.

За фил: 1,4 литар сок од портокал, 4 пудинг од ванила, 20 лажици шеќер и 250 г посен маргарин

И уште: 500 г посен шлаг изматен со газирана вода, 400 г малини, 1 конзерва праски.

Постапка: Се мешаат 500 мл газирана вода и 250 мл масло, па се додава 500 г шеќер и 3 лажици мед. Се меша додека да се растворат шеќерот и медот (на ладно, не треба да се загрева).

Во друг сад се мешаат сувите состојки: 500 г брашно, 20 лажици мелени ореви, 1 лажица какао, 1 прашок за печиво и 1/3 мала лажичка сода бикарбона.

Во сувите состојки постепено се додава течноста и се мати со миксер. Смесата се дели на 4 еднакви делови, односно се печат четири кори во плех обложен со хартија на 200 степени, 10 минути.

За фил: Во малку сок од портокал се меша прашокот од пудинзите, а остатокот со шеќерот се става на оган да зоврие. Се вари исто како пудинг со постојано мешање додека да згусне.

<

Се остава на страна, па кога ќе излади се додава пенасто изматениот маргарин и се соединуваат.

Се матат 500 г посен шлаг со газирана вода, а за овошје може да се користи по желба. Јас користев 400 г малини и една конзерва праски.

Редоследот на филување: кора – фил од ванила-малина-шлаг, повторно кора-фил од ванила-праска-шлаг, кора-фил од ванила-малина-шлаг и последната кора – фил од пудинг-праска-шлаг. Се декорира по желба со шлаг.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска