Дали сте слушнале за изразот “Ме боли косата”? Ова не е игра со зборови, бидејќи навистина причина кога косата навистина може да боли. Можеби, логиката ви налага да мислите дека косата не може да боли, бидејќи е “нежива” природа, но ова не е редок случај, и навистина може да се појави како тегоба.
Сè започнува од темето, а потоа се шири по косата. За болката 50% сте самите виновни, а останатите 50% е виновно вашето тело.
Имено, природното масно теме или нередовното миење на косата, може да доведе до натрупување на маснотии на темето.
Тоа предизвикува воспаление и јадеж, па дури и болка. Па уште и ако се почешате, поттикнувате испуштање на хемикалии поради кои се воспалува целото теме.
Со други зборови, повеќе крв ќе надојде во овој дел од главата, па доаѓа до пулсирачка болка.
Но, до болка може да дојде и после миење, а за тоа треба да се обвинат производите за коса кои ги користиме, бидејќи маслата и нечистотијата се затнуваат и остануваат неиспрани благодарение на хемикалиите од тие производи.
За да ја спречите оваа болка, косата мијте ја редовно и користете колку можете помалку производи за коса кои се преполни со разни хемикалии и кои ја “гушат”.
Исто така, одбегнувајте затегнати фризури и користете шампони кои ги разградуваат мастите.