Настинка и кашлица – ако не се третираат навремено, може да се претвори во исклучиелно иритантна и опасна болест.

Сувата кашлица може да биде многу непријатна, бидејќи напрегањето е многу поголемо и контакциите на градниот кош се посилни.

Фрекфенцијата на кашлање е многу почеста, бидејќи нагонот “нешто” да се искашла постои, а “ништо” не се исфрла. Тоа прави да се чувствувате уште полошо.

Ова е еден рецепт од народната медицина која на многумина им помогнал во време на грип на настинки:

Потребни состојки:

1 главица кромид
2 чаши вода
1 лимон – сок
2 лажички мед

Постапка:

Ставете ја водата да зоврие, а најдобро е да биде филтрирана или минерална. Кромидот излупете го и измијте го добро. Заедно со лушпата исечете го на подебели парчиња, па ставете го во зовриената вода.

Оставете на умерена температура да се готви 15 минути. Потоа тргнете го садот од оган и оставете го на страна да излади околу 10-тина минути. Процедете, а во чајот додадете исцеден сок од еден лимон и две лажички мед. Промешајте добро.

Вака приготвениот чај се пие трипати дневно. Ќе бидете изненадени од резултатите!