Природата има безброј начини како да се избори со оваа болест, а една од нив може да се најде меѓу бобинките, односно, нивните гранчиња.
Дијабетесот од кој на денешно време се повеќе луѓе заболуваат, е таканаречен “тивок убиец”, бидејќи неговите симптоми не нè алармираат дека станува збор за нешто опасно.
Имено, во дијабетесот високото ниво на крв во крвта се однесува како отров, а честопати е проследен со зголемен крвен притисок и зголемени липиди во крвта.
Меѓутоа, гранчињата на боровинките заедно со нивните ливчиња, претставуваат ефикасно средство за намалување на шеќерот во крвта.
Најчестите симптоми на шеќерната болест се следните:
-константна жед или сува уста
-честа потреба за уринирање
-често чувство на глад
-необјаснето слабеење и покрај нормалната исхрана
-слабост и умор
-чести инфекции (кај жените габични инфекции)
-ранички кои тешко зараснуваат
-замаглен вид
Според народната медицина, рецептот за нормализирање на шеќерот во крвта е дел од третманот кој трае еден месец.
Потребни состојки:
1 лажичка иситнети гранчиња боровинка
1 чаша совриена вода (300 мл)
Постапка:
Билката се прелива со врела вода и се готви 10-тина минути. Потоа се трга од оган и се остава да отстои еден час. Процедениот чај се пие во мали голтки преку целиот ден. Постапката се повторува секој ден во текот на еден месец.