-Можеби ќе ви се причини дека оваа вежба е необична, но не си помислувајте дека ова е некоја глупава измислица.-
Ова не е обична вежба туку терапија: Држете ги нозете подигнати 10 минути и ќе бидете изненадени од она што ќе се случи!
Ова не е обична вежба, туку вистинска терапија. Вежбата нема да влијае врз вашата фигура, но ќе ви помогне подобро да се чувствувате и физички и психички, што е исто така многу важно.
5 корисни ефекти од оваа вежба:
-се намалуваат отоците на нозете
-се елиминира синдромот на уморни нозе
-се подобрува варењето!
-го опушта нервниот систем
-придонесува за психички мир
Држете ги нозете подигнато барем 10 минути дневно и резултатите ќе ве изненадат!
Можеби ќе ви се причини дека оваа вежба е необична, но не си помислувајте дека ова е некоја глупава измислица.
Напротив, оваа вежба е многу корисна за вашето здравје. Ова не е обична вежба туку вистинска терапија. Слична е на јогата чија цел е воспостави врска меѓу телото и духот, а исто така е многу корисна и за циркулацијата.
Не плашете се да испробате нешто ново. Оваа вежба нема да влијае врз вашата фигура, ниту ќе ги направи вашите нозе поубави, но со нејзина помош ќе се чувствувате подобро и психички и физички, што е исто така, многу важно.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ВЕЖБАТА:
Пронајдете мирно место и издвојте 10 минути кои ќе си посветите себеси. Потребно е да обезбедите услови кои ќе ви овозможат да ги затворите очите и да одморите. Ако во меѓувреме зборувате на телефон или читате пораки, нема да го постигнете истиот ефект.
Легнете на грб, а бутовите нека бидат одалечени околу 15-20 см од ѕидот. Свиткајте ги нозете во колената и потпрете се со петите на ѕидот. Доколку бутовите се наоѓаат под прав агол во однос на грбот, тогаш задникот ќе биде на правилно растојание од ѕидот.
Исправете ги нозете и потпрете се на ѕидот со целата површина на стапалата. Не ги свиткувајте нозете во колената и опуштете ги.
Ставете перница под глава (или грбот). Треба да ви биде многу удобно. Затворете ги очите и дишете. Ставете ја едната дланка на стомак, а другата на срце.
Бидете свесни за своете дишење. Вдишувајте броејќи до 2, а издишувајте броејќи до 4. Задржете се во оваа положба 10 минути со затворени очи. Дишете и опуштете се.
Оваа вежба не воведува во состојба на медитација иако за тоа не сме свесни. Ќе почувствуваме како нашето тело и ум нурнуваат во мир и постигнуваат хармонија. Во овој миг можете да си кажете и некоја молитва за здравје и мир.
Со текот на времето, кога ќе ја практикувате оваа вежба, ќе забележите дека од неа има се’ повеќе благодети. Ќе започнете да се чувствувате многу подобро и поздраво.
Затоа, не чекајте и започнете уште денес! Направете чекор кон поздрав живот!