Со текот на времето зглобовите се оштетуваат, се намалува еластичноста на ‘рскавицата и вкупната подвижност на зглобот.
Притоа, најзасегнати зглобови во кои се чувствува болка се: колената, рамењата, лактите. Ова е главната нуспојава на стареењето.
Меѓутоа, болката може да се појави и порано поради некоја траума, фрактура, реума или артритис.
Потребни состојки:
1 лажица сода бикарбона
1 лажица морска сол
1 лажица лут сенф
1 лажица мед
Постапка:
Измешајте ги сите состојки заедно додека да добиете еднолична смеса. Складирајте ја во тегла или соодветно кутивче и чувајте ја во фрижидер.
Се нанесува на болното место, а потоа се покрива со проѕирна фолија и се фиксира со волнен шал. Притоа мора да се внимава компресијата да овозможува слободен проток на циркулацијата.
Со оваа облога најдобро е да се преноќи, а следниот ден, во утринските часови да се исплакне со млака вода.
Третманот се повторува 4-5 дена континуирано секој ден, а доколку е потребно се продолжува со постапката. Оваа количина би требало да биде доволна за неколку денови, но секако, тоа зависи од големината на површината која ќе ја третирате.