Ајдучка трева: за болки во желудник, висок притисок, чистење на кр-вта од масти и токсини

Ајдучката трева е кралица на билките, таа во старите книги за лековити растенија е запишана како „лек против сите болести”.

Затоа таа се користи таму каде што ништо не помага и каде што повеќе нема надеж. Ајдучката трева  може да се најде како бела (Achilea millefolium) и жолта (Achillea filipendulina).

Ајдучката трева е една од највредните лековити билки. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло.

Етеричното масло се користи за подготовка на креми за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата.

Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамини К и Ц, смола, како и минералите калиум и натриум.

Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките.

Поволни дејства: поволно влијае на органите за варење; делува на коскената срцевина и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца; го запира кр-вавењето од белите дробови; има благо седативно дејство; делува како антисептик и аналгетик;

Потоа, чајот од ајдучка трева помага и при ангина пекторис (во вид на чај само), анксиозност, гастритис, гихт, грчеви во стомакот, недостаток на апетит, нервоза, несоница, осип, зголемен крвен притисок (делува како диуретик), шеќерна болест, чиреви, хемороиди (поради витаминот Ц кој го содржи), ревматизам и др.;

Исто така, облозите и купките помагаат кај брадавици, испукани раце, осип, отворени рани, псоријаза, исеченици и изгореници, кожни болести; лековитите препарати од ајдучка трева во комбинација со други лековити билки лечат колитис, гастритис, грчеви во желудникот и цревата;

Калиумот кој се наоѓа во оваа билка помага во работата на бубрезите, срцето и кр-вотокот; ја прочистува кр-вта и органите за варење; помага кај болести на црниот дроб и жолчката, затоа што ја прочистува крвта; чај од ајдучка трева се користел како народен лек кај жени кои имале проблеми со менструалниот циклус и цисти на јајниците.

ПРЕПАРАТИ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА

Чај – се препорачува да се консумира топол при настинки и ладен при циститис. Тинктура – при проблеми со репродуктивниот систем и покачен крвен притисок. Бањи – при иритации на кожата. Седечки бањи – за циститис, вагинални инфекции, хемороиди, обилни менструации. Есенцијално масло – при воспаленија на кожата.

Чај од ајдучка трева

Цветовите, листовите и стеблото на ајдучката трева може да се користат за правење на чај за лекување на благи респираторни инфекции, покачена температура, гребнатинки и оспи на кожата.

Чајот од ајдучка трева некогаш бил популарен домашен лек за настинки и грип. При подготовка на чај може да се користи свежа или сушена ајдучка трева. Чајот од ајдучка трева има малку горчлив вкус, а по желба може да се заслади со мед или шеќер.

Потребни состојки: 1 лажичка сува билка ајдучка трева (или 3 свежи цветови), 200 мл вода, ½ лажица свеж сок од лимон, 1 лажичка шеќер или мед

Постапка: Во сад на оган ставете ја водата да зоврие, па ставете ја ајдучката трева, садот поклопете го и оставете го да отстои 10 минути. Потоа процедете, а по желба засладете го и додадете свеж сок од лимон. Се препорачува да се консумира додека е топол!

Не се препорачува за чувствителни лица (кои се алергични на оваа билка) и за бремени жени и доилки. Пред примена секој да се советува со својот лекар.

Во народната медицина ајдучката треба зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени, и отстранување на непријатните симптоми во климаксот.

Една шолја чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на жени.

Директно делува на коскената срцевина и во неа поттикнува создавање на црвени крвни зрнца. Затоа кај болестите на коскената срцевина, па и кај гноењето на коските, кога лекарствата не помагаат, треба да се применуваат терапии со чај од ајдучка трева.

Бања од ајдучка трева

100 грама ајдучка трева ( цела билка ) да се остави цела ноќ да биде во студена вода, наредниот ден затоплувајте ја водата со ајдучката трева додека не проврие, а потоа додадете ја во водата за капење.

Свештеникот Кнајп во своите списи кажува: „Жените би биле поштедени од многу болести кога на време би почнале да ја користат  ајдучката трева!” Болките предизвикани од воспаление на јајници често престануваат веќе по првата купка од ајдучката трева, а воспалението постепено се смирува.

Бањите се успешни и кај мокрење во кревет кај деца и стари лица. Во случај на миоми, купката треба да се применува секојдневно подолг временски период, додека на лекарската контрола не се потврди дека резултатот е негативен.

Жените во климакc би требало да пијат чај од ајдучката трева затоа што овој чај ќе го намали внатрешниот немир и другите тегоби.

Ајдучката трева е ефикасна и во третманите за лекување на мигрена, несвестица, ги елиминира нагоните за повраќање, помага при солзење и голема секреција на очите, крварење од носот и др.

Таа е одлична за прочистување на телото, регулирање на хормоните и стабилизација на метаболизмот, како и за чистење на црниот дроб, при состојби на труења, вирусен хепатит и други болести кои го напаѓаат црниот дроб.

Делува моќно и е одлична за смирување на нервниот систем во состојба на психичко растројство. Се користи при несвестица, мигрена, нагон за повраќање, за очни болести. Се користи и за женски болести, при мокрење во кревет кај деца и стари луѓе.

Ајдучката трева директно делува на коскената срж и на создавање на црвени крвни зрнца. Се употребува како антитромботичко средство при мозочни удари. Има јако антибактериско дејство против стафилококи, еширихија, кандида и други инфекции.

Лек за тyмоp на матка и јајници од ајдучка трева и невен. Мерка за еден ден: 250 мл чај.

Потребни состојки: цвет од невен, цвет и лист од ајдучка трева, шведска горчливка – напиток кој се купува од аптека

Постапка: се мешаат еднакви делови цвет од невен и цвет и лист од ајдучка трева.

6 лажици мешавина (невен и ајдучка трева во еднакви делови) на 250 мл вода, 3 х 1 лажица шведска горчливка (од аптека)

Упатство: чајот се пие по трипати на ден, по околу 85-90 мл, вкупно 250 мл за цел ден. Најдобро е да го пиете во мали голтки, секогаш свежо приготвен. Половина час пред оброк во малку чај се додава една лажица шведска горчливка и се пие малку по малку.

Дневна доза е околу 250 мл чај и 3 лажици шведска горчливка. Невенот се смета за природно лековито средство против pак. Дури и кога не е можна операција, во народната медицина се препорачува пиење на чај од невен во подолг временски период.

Ајдучка трева е најдобра билка за жени и стомак. Се употребува за сите видови на тегоби поврзани со матката и јајниците.

Без разлика дали станува збор за воспаленија, цисти, проблеми поврзани со менструација, менопауза… Ајдучката трева има силно дејство и лекува долгогодишни гинеколошки проблеми.

Кај тешки заболувања се препорачува чајот од ајдучка трева да се пие колку повеќе, колку што може да се поднесе. И двете билки се познати по тоа што одлично ја чистат крвта.

Шведската горчливка се смета за средство кое лекува рак и се користи без исклучоци кај сите заболувања. Комбинацијата од овие две билки дава одлична комбинација за лекување на заболени јајници и матка.

Без разлика дали станува збор за цисти, воспаленија или тумори, па дури и во поодминат стадиум на болеста, овој чај може да помогне. Исто така, овој чај помага и при проблеми со дојките, односно се смета за средство кое сузбива рак на дојка. Во тој случај, во оваа чајна мешавина се додава и коприва.

Силниот чај од ајдучка трева го регулира и го прочистува кpвотокот, па добро е да се пие при внатрешни кpварења, кpвава столица, кpварење од носот како и кај други pани. Помага и при менструални тегоби и ги ублажува грчевите.

*Против нередовна менструација се пие 3-4 пати по една чаша силен чај и тоа два дена пред менструацијата.

*Грчевите во желудникот и цревата ќе се смират ако трипати дневно пиете по 200 мл топол напиток, зошто поттикнува лачење на плувачка, желудечни сокови и желудечни киселини.

*Посебно се препорачува на луѓе со висок кpвен притисок.

*Во вид на облози оваа билка е добра за стопирање на кpварењето од рани.

СОВЕТ: долгорочното користење на преголеми дози може да предизвика главоболки и пречувствителност на кожата од сончевите зраци.

ЧАЕВИ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА (со свежа или сува билка)

Рецепт бр.1 Потребно: 20 г цветови ајдучка трева и 1 литар вода

Подготовка: варете ги свежите цветови од ајдучка трева во литар зовриена вода околу 10-15 минути. Пијте 4 пати на ден по една чаша.

Рецепт бр.2 Потребно: 1 лажичка сушени цветови ајдучка трева и 250 мл вода

Подготовка: сувите цветови прелијте ги со чаша зовриена вода, поклопете и оставете да отстои околу половина час. За желудечни тегоби пијте по мала чашка двапати дневно, еден час пред јадење.

НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.