Многу лесна и интересна постапка, само следете ги чекорите, секој може да ја направи. Ова е основната верзија и предобра е, а вие можете по желба и вкус да ја модифицирате и да додавате фил по желба. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

За тесто:
500 мл млеко
1 лажичка шеќер
1 супена лажица сув квасец
1 јајце
6 супени лажици масло
2 лажички сол
850 г брашно

за премачкување:
100 г путер
1 жолчка
1 лажица масло
1 лажица млеко

Постапка:

Во 500 мл млако млеко ставете една лажичка шеќер и една супена лажица сув квасец. Се остава 5 минути да се активира, па се додава едно јајце на собна температура, 6 лажици масло, сол и брашно.

Брашното се додава постепено, малку по малку и се замесува убаво мазно тесто кое не се лепи на рака. Тестото покријте го и оставете во топла просторија да ферментира додека убаво да го удвои волуменот.

Потоа се дели на 4 делови, се развлекува секој дел во круг со пречник од 20 см. Премачкајте ги трите круга со омекнат путер. Последната кора не се премачкува.

Сите четири кори заедно се развлекуваат во круг со пречник од 40 см и се премачкува со преостанатиот путер.

Потоа кругот исечкајте го на коцки од 5 см и редете ги без некој ред, односно нафрлајте ги во калап со пречник од 26 см, претходно намастен со путер или обложен со хартија.

Оставете ја погачата да ферментива повторно за да порасне малку, 40 минути, па одозгора премачкајте ја со разматена жолчка, 1 лажица масло и 1 лажица млеко. Ставете да се пече на 170 степени, 40 минути.

Ако забележите дека погачата почнала пребрзо да потемнува од горната страна, ставете врз неа парче фолија или хартија и допечете ја.

сoolinarika.сom