За ова цвеќе се смета дека навечер спие заедно со вас и шири позитивна енергија, па дури и дека привлекува пари. Без разлика дали ова верување е точно или не, ќе ве исполни самата глетка на неговата убавина.

Виолетовата украсна детелина потекнува од фамилијата Оксалис (Oxalis triangularis) а со своите убави и нежни листови и цветови освојува и краси се’ повеќе домови. Меѓутоа, не е само одличен избор за прозори и куќи, туку и за балкони и градини.

Потекнува од Бразил, а нејзините темновиолетови светови се затвораат во текот на ноќта.

Како се негува?

Бара светлина и влажно земјиште. Доколку ја чувате во надворешни услови, обезбедете и светлина, но имајте на ум дека најмногу и одговара температура околу 15 степени.

Може да толерира и повисоки температури, меѓутоа мора да се води сметка, бидејќи доколку премина над 27 степени, листовите ќе свенат и билката нема веќе да биде свежа и убава. Полевањето треба да биде ретко, што значи мала количина на вода, одвреме-навреме.

Размножување

Украсната детелина расте од луковица и се размножува со нивна делба. Како и останатите луковици и оваа детелина има периоди на мирување, а на крајот од таквиот период можете да ги извадите луковиците од земја, да ги одвоите страничните чешниња и да ги засадите во одговарачка земја, па ќе добиете нови билки.

Билката е отпорна на болести, а од штеточини може да заболи од растителни вошки. Оксалис може да чува како поединечна собна билка, но може да се сади и во поголеми корпи или жардиниери заедно со некои други цвеќиња како што се бегониите на пример.

Бидејќи станува збор за детелина, па се смета дека оваа билка носи СРЕЌА особено затоа што има четири ливчиња. Затоа, со оваа преубава украсна детелина не можете да погрешите.