Home Рецепти Домашна КИНДЕРЛАДА без адитиви: За овој рецепт велат дека е подобар од...

Домашна КИНДЕРЛАДА без адитиви: За овој рецепт велат дека е подобар од нутела

Вкусен и домашно приготвен крем за мачкање.

Потребни состојки за Киндерлада:

300 г шеќер
300 мл вода
3 ванилин шеќер
250 г путер
500 г млеко во прав
2 лажици какао (или чоколадо)

Потребни состојки за Еурокрем:

400 г шеќер
300 мл вода
3 ванилин шеќер
250 г путер
500 г млеко во прав
500 г мелени лешници
2 лажици какао (или чоколадо)

Постапка:

Шеќерот ставете го во поголем сад и прелијте го со 300 мл врела вода. Малку промешајте па додадете го ванилин шеќерот и исечканиот путер на листови, па добро измешајте со жица за матење додека путерот да се растопи.

Потоа додадете го млекото во прав, па миксајте со миксер околу 5 минути додека да се добие убава смеса без евентуални грутчиња од млекото во прав.

Во половина од смесата додадете 2 лажици какао, па повторно добро промешајте. Наполнете ги теглите или некои садови кои ги имате со капак, па ставете ги во фрижидер.

Постапката за еурокрем е иста, со тоа што додаваме уште 500 г мелени лешници (во целата смеса, а во половина од неа, повторно какао).

<

Теглите ги полнев така што смесите ги наполнив во кеси за замрзнување, го исеков врвот на кесичките, па истовремено го истискував кремот од двете кеси.

Coolinarika.com