Фото и рецепт: Родна Трпеска
Потребни состојки:
1 шолја цеден портокал
2 шолји масло
5 шолји брашно
1 прашок за печиво
за фил:
1 шолја мелени ореви
2 лажици џем од јагода
за шербет:
1 шолја вода
1 шолја шеќер
И уште: Мелени ореви за валкање
Постапка:
Прво се приготвува шербетот: Водата и шеќерот ги ставате на оган, да се вари 10 минути откако ќе зоврие. Потоа се трга на страна и се остава да излади.
Од сите наведени состојки се замесува тесто. Од тестото се кинат парчиња и се формираат во топки. Со дланката се сплескуваат, се полнат со фил и се затвораат.
За фил: Само ги мешате состојките додека да се изедначат.
Формираните колачи се ставаат да се печат во загреана рерна на 180-200 степени додека да добијат убава црвенкаста боја.
Топлите колачи се натопуваат во изладениот шербет, а потоа се валкаат во мелени ореви.
Фото и рецепт: Родна Трпеска