Сувите сливи се најпознатото домашно средство за брзо празнење на цревата при опстипација, односно, запек.

Сувите сливи ја поттикнуваат перисталтиката и ја штитат слузокожата на желудникот и цревата. Спречуваат појава на малигни болести.

Воедно се одличен извор на минерали како што е калиумот, калциумот и магнезиумот, а содржат и антиоксиданти, фитохемикалии и влакна кои се одлични за здравјето.

Постојат многубријни начини на кои можат да се искористат, но овојпат ќе ви откриеме рецептот за приготвување на лековита ракија од суви сливи.

Потребни состојки:

300 г суви сливи без коски
1 литар овошна ракија

Постапка:

Сувите сливи исечкајте ги ситно и ставете ги во стаклена тегла. Прелијте ги со ракијата и затворете ја теглата.

Оставете ги да “одлежат” во ракијата три седмици со повремено протресување.

По истекот на овој период, ракијата прецедете ја во стерилизирано, чисто стаклено шише. Таа е спремна за консумирање.

Употреба: По една ракиена чаша, пред јадење.