Фото и рецепт: Линда
Многу фин колач со вкус на кафе, вистински неделен десерт. Со лесна кора која по желба можете да ја натопите со сварено нескафе, но не мора. Кремот е со вкус на ванила, има и шлаг и нескафе, вистинска освежителна комбинација.
Потребни состојки:
6 јајца
150 г шеќер
150 г брашно
50 г густин
за крем:
500 г крем сирење
400 мл слатка павлака за шлаг
3-4 лажици шеќер во прав
1 чајна лажичка нескафе
Постапка:
Белките измиксајте ги пенасто со шеќер- Потоа, во снегот додавајте една по една жолчка со постојано матење.
Брашното и густинот додадете ги и промешајте ги нежно со лажица. Смесата рамномерно распордете ја во плех обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 160 степени, околу 40 минути. Кога ќе излади, исечете на три ленти.
Купете крем сирење или направете си го сами од кисела павлака. Од 500 г кисела павлака се добиваат 320 г маскарпоне: Ставете ја павлаката во чиста густа газа, врзете ја во јазол и обесете ја на некој стап да се цеди преку цела ноќ, во фрижидер – и тоа е тоа.
Нескафето растопете го во лажичка топла вода, па додадете го во крем-сирењето и шеќер во прав по желба.
Измиксајте ја склатката павлака во шлаг. Сето заедно нежно промешајте го за да се изедначи.
Добиениот крем поделете го на три дела. Првата кора премачкјате ја со крем и одозгора наросете со обично какао во прав.
Поклопете со втора кора, премачкјате со крем, наросете какао, и сè така до крај.
Премачкајте ја и третата кора и ставете го колачот во фрижидер добро се олади и стегне. Доколку сакате, корите можете да ги натопувате со малку сварено кафе, за поинтензивен вкус и поголема сочност.
Coolinarika.com