Погачата личи на фокача, но мора да ја пробате за да се уверите во предобриот вкус. Состојките се мали за многу мала погача, но вие ако сакате зголемете ги за да направите поголема погача.

Потребни состојки:

300-350 г брашно
120 мл млеко
10 г свеж квасец
1 лажица масло
1 лажичка шеќер
1 лажица сол

За полнење:

100 г тврдо сирење
100 г сув колбас или кулен
малку сув врат околу 50 г
шери домати
маслинки
малку рузмарин
лук или кромид по желба
кромид

Постапка:

Во млакото млеко растворете го квасецот и додадете шеќер Оставете го 10-тина минути да се активира. Потоа додадете го брашното помешано со сол. Брашното е најдобро да се додава постепено. Започнете со 200 грама, промешајте со лажица, па кога ќе се соедини, додавајте постепено уште 100-150 грама.

Цело време мешајте со лажица. Тестото треба да биде мазно и помеко (слично на она за мекици, види видео подолу). На крај додадете една лажица масло.

Оставете го половина час да стасува, па истресете го на работната површина и формирајте го во топка, лесно тапкајќи го рацете и веднаш префрлете го во помал калап за торти (со обрач), претходно обложен со хартија за печење.

Во тестото набоцкајте парчиња сечкан колбас, сув врат, сирење, доматчиња пресечени на половина, лук или кромид сечен на четвртинки.

Премачкајте или наросете одозгора малку масло, , наросете свеж рузмарин, крупна сол, ким..

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 35 минути. Постапката можете да ја погледнете во видеото: