Филот многу брзо и лесно се приготвува.
Мојата обланда од фотографијата е направена од двојна мера со големи обланди.
Ова е мојата омилена обланда, затоа што го сакам гризот и затоа што го прави мајка ми. Мајка ми е голем мајстор за колачи, а овие ги прави совршено!
Потребни состојки:
1 голема шолја за чај – млеко
20 лажици шеќер
2 коцки чоколадо за готвење
8 лажици гриз
250 г путер или маргарин
1 помало пакување обланди
Постапка:
Млекото ставете го на оган да зоврие, па додадете ги шеќерот и чоколадото, убаво да се растопат, па дури потоа додадете го гризот и варете додека да згусне.
Во врелата гриз-смеса додадете на листови исечен путер и добро промешајте додека тој да се растопи и да се соедини со гризот.
Оставете ја смесата на страна да излади и да стане млака. Потоа поделете ја на 4 еднакви делови и филувајте ги корите од обландата со рапавата страна.
Добро притиснете и ставете нешто тешко одозгора и така оставете ја до следниот ден.
Фото и рецепт: Сибинка
Coolinarika.com