Приказната која одекна на социјалните мрежи ни доаѓа од Хрватска. За себе раскажува жена која по професија е забен техничар и која долги години се мачела со тежината.
Како што таа вели, отсекогаш била дебела затоа што никогаш не внимала колку и што јаде. Се грабала за храната како да и се последните денови на овој свет, а притоа и воопшто немала физичка активност.
Повеќе од една деценија била на лекови за висок крвен приритисок, но како што станува повозрасна, така и се влошувала здравствената состојба.
-Инаку на лекови сум за висок крвен притисок веќе 13 години, па почнав да се загрижувам за здравјето.
После Божиќот 2011 година, одлучив да свртам нова страница во мојот живот и да ги отфрлам лошите животни навики.
Си реков, дека нема повеќе да се грабам по петпати во чинијата за ручек или да си легнувам после обилно јадење – вели забната техничарка.
За да си помогне во слабеењето, таа не можела да воведе некој посебен режим, зошто никако не и одело со диетите.
Затоа, таа одлучила само да го исфрли лебот, а сето останато продолжила да го јаде, во помала количина.
-Работата е во количината. Откако за ручекот ќе ја испразнев чинијата, јас веднаш ја оставав во садоперот и излегував да прошетам. Прво по 500 метри, а потоа постепено започнав да го зголемувам растојанието, па така, некогаш со жестоко одење поминував и по 12-тина километри – наведува Храстиќ.
Ослабела на неверојатни 49 килограми, но сепак нешто вратила, за да не си го наруши здравјето. Сега гордо позира во едната ногавица од старите панталони од работа, кои кројачката морала неколкупати да и ги проширува.
Сега повеќе не може да изеде колку што јадела порано, но затоа е полна со самодоверба и здравје.
-Никогаш вака добро не сум се чувствувала, како сега, субјективно и објективно. Постојано зад себе слушав “Дебела, дебела, дебела!” – вели гордо таа.
Многумина ги шокирала со својот изглед. На прославата од годишнината на матура, многу од бившите соученички и колеги не можеле да ја препознаат. Па дури, ниту соседот три куќи подолу, не можел да ја препознае само после половина година.
-Чувството беше одлично! – заклучува таа.