Колач за љубителите на ориенталната кујна.

Потребни состојки: 500 г свеж кадаиф, 250 г путер, 200 г мелени ореви. За шербет: 450 г шеќер, 350 мл вода, по желба лимонов сок

За крем: 1 литар млеко, 4 лажици брашно, 3 лажици густин/нишесте, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, по желба бурбон ванила, 1 жолчка. За декорација: 2 шлаг пени и мелени ореви

Постапка: кадаифот малку иситнете го. Путерот растопете го и полијте го рамномерно врз кадаифот. Со рацете малку промешајте го кадаифот за да се натопи со путерот.

Во тепсијата распоредете половина од кадаифот, па наросете две третини од мелените ореви. Одозгора ставете ја втората половина од кадаифот и притиснете малку за да се изедначи.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути или додека да зарумени.

Додека се пече кадаифот, пригответе го шербетот. Сварете шеќер со вода и откако ќе зоврие, гответе уште 10-тина минути.

За крем: Измешајте брашно, густин, шеќер и ванила шеќер (или бурбон) и шеќер, па додавајте млеко и мешајте да се изедначи за да нема грутки. Тенџерето ставете го на оган и гответе со постојано мешање додека да се згусне.

Печениот кадаиф прелијте го со шербетот. Веднаш можете врелиот фил да го нанесете врз кадаифот. Оставете го еден час да се лади. Потоа измиксајте 2 шлаг креми според упатството и премачкајте го врз изладениот фил. Одозгора наросете со остатокот од оревите.

Coolinarika.com