Фото и рецепт: Мариана Петровна Иванова

Потребни состојки:

125 г путер омекнат на собна температура
1 жолчка
2 лажици шеќер во прав
1 ванилин шеќер
180 г брашно
50 г мелени ореви
2 лажици џем

Постапка:

Замесете меко тесто од путер, жолчки, шеќер во прав, ванилин шеќер и брашно. Добро замесете додека да се формира мазно тесто.

Потоа направете 25 мали топчиња. Секое топче извалкајте го во мелени ореви.

Со прст или дршката од дрвена лажица притиснете одозгора врс секое топче. Внимавајте да не го продупчите.

Вака формираните колачи ставете ги во плех обложен со хартија и печете ги 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

Додека се печат колачите, на умерен оган растопете го џемот додека да стане течен. Ако е потребно додадете 2-3 капки вода.

Печените колачиња внимателно наполнете ги со џемот и оставете ги убаво да изладат пред послужување.

Gotvach.bg