Се прави со готови кори, а изгледа како да била тегнета или сукана од прав професионалец. Нам дома многу ни се допадна…

Потребни состојки:

500 г готови кори
300 г сирење
2 јајца
масло
сол

За премачкување на корите:

1 сув квасец
малку шеќер и сол
3 јајца
4 филџани млеко
2 филцани масло
22 лажици брашно

Постапка:

Сувиот квасец промешајте го со малку млака вода и шеќер, па оставете го да се активира и запени. Кога ќе се активира квасецот, помешајте го со јајцата, брашното, солта, млекото и маслото.

Убаво промешајте со лажица, а може и со миксер. Тестото што ќе го добиете има густина како јогурт или како она за палачинки.

За фил од сирење:

Издробете го сирењето и измешајте го со изматените јајца, а по вкус додадете сол.

Виткање: Ставете една кора и со четка премачкајте ја со преливот. Преку неа ставете втора кора, па и неа премачкајте ја. Ставете трета кора, па и неа премачкајте ја. Врз третата кора, ставете фил од сирење.

Краевите на кората малку свиткајте ги за да не истекува филот, па свиткајте како ролат.

Подготвените ролати редете ги во намастен плех, пресечете ги на парчиња, премачкајте ги одозгора со остатокот од преливот и оставете ги 10-тина минути додека се загрева рерната.

Потоа питата ставете ја да се пече на 220 степени околу 35-40 минути, додека убаво да зарумени.

Coolinarika.com