Хипократ уште многу одамна го поставил прашањето: Зошто да умре човек во чија градина расте жалфијата?

Зимата многумина од нас поскоро би ја преспале како мечките, бидејќи со студеното време доаѓа и сезоната на грип, настинки, вирози и разни воспаленија.

Тогаш и лекарските ординации се преполни со пациенти, а пред и самите да отидете таму, подобро е да ги ипробате овие неколку рецепти од нашата народна медицина кои се користеле со векови наназад.

Жалфијата (Salvia officinalis) е особено корисна за грлото, инфекции на дишните патишта, како и инфекции во устата. Корисна е за желудечни инфекции и проблеми со цревата, а помага и при намалување на температурата, грозници и болки во телото кои се јавуваат на почетокот од грип и настинка.

Арапите, како и Кинезите и Римјаните, верувале дека жалфијата е клучот за долг живот. Има антибактериски, антифунгални и антивирусни својства.

Од друга страна, научно е докажано дека циметот може да ги убие повеќето бактерии, па дури и оние кои се отпорни на стандардните антибиотици, а помага и против Ешерихија коли. Само една лажичка цимет, покажале истражувањата, убива 99,5% од тие бактерии за три дена на собна температура.

РАКИЈА ОД ЖАЛФИЈА

Околу 250 г лист од жалфија потопете во 1,5 литар ракија, најдобро лозова. Оставете да отстои три седмици, процедете и помешајте со 1,5 неутрален мед од багрем. Прецедете во стаклено шише и оставете да отстои уште три седмици. Повремено протресете, а потоа консумирајте секој ден по една лажица до ракиена чаша.

ТИНКТУРА ОД ЖАЛФИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ

Во 100 мл 70% медицински алкохол ставете 20 г иситнети листови од жалфија. Оставете да отстои на топло место околу еден месец. Процедете и преточете во стаклено шишенце. По 10-15 капки од тинктурата ставајте во малку вода, сок или чај, трипати дневно. Забрането е за бремени и деца.

ЖАЛФИЈА И ЦИМЕТ ПРОТИВ БРОНХИТИС

Растопете две лажици шеќер како карамел, па прелијте ги со половина литар млеко. Кога ќе зоврие, тргнете од оган, додадете лажичка иситнета жалфија и половина лажичка цимет. Оставете да отстои 10-тина минути, па процедете. Пијте трипати во текот на денот.