Кога ќе дојде време да го насадите расадот, односно зеленчукот во вашата градина, тогаш знаете дека дошло време за соодветно поѓубрување.
Меѓутоа, ако ѓубривото го купувате во продавници, не можете секојпат да наидете на добро и квалитетно ѓубриво, а исто така, не е поволно.
Затоа, направете си свое, природно ѓубриво од кое билките ќе растат како луди.
Потребни ви се само банани и јајца. Тие ќе направт сè што е потребно за вашата билка.
Постапката е следна:
Откако ќе ископате дупка за расадот, во неа ставете банана и јајце. Затрупајте ја дупката до половина со земја, а потоа на врвот спуштете го расадот од домати или зеленчукот што имате намера да го садите.
Јајцето и бананата служат како ѓубриво, така што ги ослободуваат сите хранливи материи во почвата, кои потоа билките ги консумираат директно преку својата мрежа од корења.
На овој начин расадот од зеленчукот добро ќе се развива и ќе даде одличен плод.