Најдобриот колач со вишни – состојките се мерат со една иста чаша од 180 или 200 мл. брзо се приготвува и омилен им е на децата, па и на возрасните. Овошјето освежува, особено ако користите вишни кои му даваат колачот една малку кисела нота, која совршено одговара со слаткиот вкус.
Потребни состојки: 2 јогуртчиња (чаши од 180 г или 200 мл), 2 чаши брашно (се мери со иста чаша), 2 чаши шеќер, 1 чаша масло, 1 прашок за печиво, 2 јајца, шеќер во прав за наросување на колачот и вишни (јас ставив вишни од еден компот) – а може и без нив.
Постапка: Јајцата изматете ги со шеќерот, додадете ги останатите течни состојки, а потоа додадете го брашното измешано со прашок за печиво. Наведените состојки добро измешајте ги, а добиената смеса истурете ја во намастена и побрашнета тепсија со средна величина.
Одозгора наредете ги вишните (малку со прстот подбутнете ги), па печете во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени (проверете со чепкалка). Печениот и изладен колач наросете го со шеќер во прав. Наместо вишни, можете да користите било кое овошје што го имате.
По желба, освен ситно или сечкано овошје (праски, јаболка, цреши, сливи, кајсии и сл), свежи или од компот, можете да додадете и сечкани парчиња од чоколадо, но вкусен е и без овошје или додатоци./Coolinarika.com