Се сретнав со проблем од неколку жолти дамки во кадата како што можете да погледнете од фотографијата. Беа тврдокорни, па си помислив дека дошло време да ја менувам кадата.

Ама не сум сега баш во финансиска состојба да купувам нова када, а не можев веќе да ја гледам таква кадата.

Не знам од што се создале овие грди дамки, ама тоа и не беше толку важно, туку како да се ослободам од нив?

Купив доста разни производи и наседнав на глупавите реклами од типот “Сè чисти освен образот ваш”, па морам да ви кажам дека си потрошив и време и пари, а проблемот си остана, дамките уште тврдокорно си седеа во кадата.

Потоа зедов да истражувам на интернет, и нема да ви се верува, ама решението го пронајдов во кујната. Затоа одлучив со вас да го споделам овој многу ефикасен рецепт. Кога мојата када повторно блесна со белина како да е нова, на мојата среќа и немаше крај.

Постапката се состои од 4 делови. Не знам кој дел точно помогна, зошто морав сè да пробам, па затоа ќе ви ги откријам сите, зошто можеби токму сите 4 се решението.

-ПРВА ПОСТАПКА:

Направете мешавина од оцет и вода во иста количина. Затнете ја кадата и истурете ја оваа мешавина. Оставете да делува 10-тина минути… Ништо не се случи, ова не ми помогна и затоа преминав на следниот рецепт.

-ВТОРА ПОСТАПКА:

Наросете ги дамките со сода бикарбона и прелијте ги со мешавината од првата постапка. Оставете 15-тина минути.

-ТРЕТА ПОСТАПКА:

Измешајте сода бикарбона 2/3 и хидроген 1/3. Оставете половина час да делува. Повторно немаше ефект, па преминав на четвртиот рецепт, по кој добив блескаво бела када.

-ЧЕТВРТА ПОСТАПКА:

Во чаша вода растворете кесичка лимонска киселина. Оставете 20 минути и на крај како резултат го добив она кое го очекував, чиста бела када како нова, “од која може да се јаде”- што би рекле старите.

Тоа е тоа. Доколку го имате истиот проблем, спроведете ги сите четири рецепти по тој редослед или скокнете веднаш на четвртиот. Јас ви ја опишав целата процедура.