Споделете со вашите пријатели!
Доколку вашиот пушачки стаж е подолг од пет години, веројатно патите од хроничен пушачки бронхитис кој е проследен со тешка и напорна кашлица.
Народната медицина нуди едноставно решение за овој проблем, иако секако, би било најдобро едноставно да престанете да пушите.
Ако сте се обиделе повеќе пати и сепак, не можете да го оставите пушењето, тогаш искористете ги бенефитите од овој природен лек за да ја спречите тешката и напорна кашлица.
Лекот за кашлица е едноставен и се состои од кромид, вода, жолт шеќер, куркума и ѓумбир.
Потребни состојки:
400 г кромид
1 литар вода
400 г жолт интегрален шеќер
2 чајни лажички куркума
мал излупен корен од ѓумбир
Постапка:
Во еден сад ставете ја водата заедно со жолтиот шеќер и почекате да проврие. Потоа додадете исчистен кромид исечен на четвртинки, а потоа и изрендан корен од ѓумбир.
Додадете куркума. Кога смесата ќе зоврие, намалете ја температурата.
Кога количината во садот ќе се намали до половина, тогаш исклучете го огнот. Оставете да излади целосно, па течноста процедете ја и складирајте ја во стаклен сад. Чувајте во фрижидер.
Употреба: По две лажици наутро, на празен желудник и навечер два часа после јадење.