Доколку палпирате јазли, тоа веднаш не значи дека станува збор за нешто многу сериозно, но дефинитивно треба да побарате мислење од лекар.

Доколку напипате јазли, тоа веднаш не значи дека станува збор за нешто многу сериозно, но дефинитивно треба да побарате мислење од лекар.

Штитната жлезда која има облик на пеперутка која се наоѓа на почетокот од вратот. Хормоните кои ги произведува оваа жлезда влијаат врз работата на сите системи во нашиот организам.

Кога нивото на тироидни хормони е повисоко од нормалното, тогаш организмот станува хиперактивен, а при пониско ниво организмот чувствува немоќ и поспаност.

Исто така, штитната жлезда е изложена на ризик од различни заболувања, па може да биде зголемена.

За да ја проверите состојбата на штитната жлезда во домашни услови, ќе ви биде потребно огледало и чаша вода.

КАКО СЕ ПРОВЕРУВА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА

Земете голтка вода. Подигнете ја главата и набљудувајте ја својата штитна жлезда. Можете да ја повторите постапката неколку пати.

Обратете внимание на тоа, дали на неа има необични промени и асиметрија. Додека голтате, со прстите обидете се да напипате дали некаде постои оток.

Оваа постапка спроведувајте ја редовно за да се уверите дека таа е стабилна и непроменета, односно, дали случајно се зголемила, особено доколку често се чувствувате уморни без никаква причина.

Ако штитната жлезда е малку поголема од вообичаено и на нејзе постојат некои јазли, нема потреба веднаш да дигате паника. Можеби не е ништо сериозно, меѓутоа, дефинитивно треба да побарате мислење од лекар.