Жените на интернет неодамна откриле еден интересен трик, како бањата да засвети како да е нова и тоа без нималку труд.
Имено, оваа идеја беше објавена во Фејсбук групата “Moms who clean”, каде една мајка го откри својот бизарен метод за чистење кој дава фантастични резултати.
Единствениот производ кој ви е потребен за ова – е обичен крем/пена за бричење.
Сега нејзиниот трик молневито се шири на Интернет.
Методот е едноставен: Цела бања, со посебен акцент на WC школката, треба да се прекрие со пена за бричење и да се остави да делува неколку часови.
Откако пената ќе отстои неколку часови, едноставно исперете ја со топла вода и тоа е сè.
Пената за бричење е практично сапуница која содржи многу повеќе калиум хидроксид од обичните средства, што значи дека побрзо и подобро се раствора во вода.
Дава фантастични резултати, а се плакне многу полесно од класичните средства за чистење.