Колачот е многу вкусен и едноставен. Ако ви се допаѓа, споделете го со вашите пријатели.
Потребни состојки:
3 јајца
1 прстофат сол
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
180 г кисела павлака или милерам
150 мл масло
110 г брашно
1 прашок за печиво
И уште:
4 јаболка
½ лимон
4 лажици џем по желба
Постапка:
Јајцата со прстофат сол, шеќер и ванилин шеќер добро се матат со миксер, па потоа се додава кисела павлака и масло. Добро се промешува, а на крај се додава просеано брашно со прашок за печиво. Убаво се соединува смесата.
Тркалезен калап за торти обложете го со хартија за печење, па смесата излејте ја во него и израмнете.
Јаболката убаво измијте ги и излупете ги, извадете ги семките, а потоа преполовете ги. Секоја половиа засечете ја како лепеза, но не до крај.
Наредете ги јаболката превртени и одозгора испрскајте ги со лимонов сок за да не поцрнат.
Ставете да се пече 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе се испече одозгора премачкајте го колачот со вашиот омилен џен и вратете во рерна уште 2 минути.
Потоа извадете го колачот, оставете да излади, па сечете го и послужете го со кафе или чај.